Скопјанец пронајден мртов во автомобил

 

Скопајнец бил пронајден мртов во автомобил, а на телото немало траги од насилство, информира МВР.

„Синоќа во 01:12 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека на локалниот пат село Петровец кон село Дрма, кај патоказните табли за влез во општина Петровец, имало паркирано патничко возило „дачија“, со скопски регистарски ознаки, и во него имало лице кое не било при свест. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство и било утврдено дека се работи за 64-годишниот Д.Л. од Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција“, соопштија од МВР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа