Скопјанец претепан со железна шипка, па ограбен од шест лица

 

Скопјанец бил нападнат и ограбен од шест лица, информира МВР.

-Вчера во 19:00 часот во Полициско одделение Сарај, 29-годишниот К.Б. од село Визбегово,скопско пријавил дека околу 14:40 часот во куќа на ул.1 во село Лубин сопственост на М.Н. поради нерасчистени должничко доверителни односи бил физички нападнат со железна шипка од пријавениот и уште 5 непознати лица, при што му биле одземени мобилен телефон и пари. Сочинети се записници  за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега