Скопјанец погоден со куршум додека излегувал од автомобилот

54-годишен скопјанец бил погоден со куршум во ногата додека излегувал од својот автомобил.

-Вчера во 21.00 часот во СВР Скопје, од приватна болница било пријавено дека кај нив со повреда на ногата бил донесен Ј.Е.(54) од Скопје. Во разговор со полициски службеници Ј.Е. изјавил дека, додека излегувал од својот автомобил, бил погоден од проектил, се вели во полицискиот билтен.

 Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега