Скопјанец осомничен за обид за убиство - брутално ја истепал својата мајка

СВР Скопје-Единица за насилен криминал до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против 47-годишниот В.С. од Скопје, поради обид за убиство.

На 21.02.2020 во семејниот дом, пријавениот ја нападнал својата мајка А.С. и ѝ нанел тешки телесни повреди, доведувајќи ѝ го животот во опасност. Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и во координација со Јавен обвинител пријавениот бил лишен од слобода, спроведен и хоспитализиран во Јавната здравствена установа – Психијатриска болница - Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега