Скопјанец ограбен и нападнат во својот дом

 

Маж бил нападнат и ограбен во својот дом, информира полицијата. Вчера во 15:04 часот во СВР Скопје, било пријавено дека две лица  извршиле разбојништво во домот на 24-годишниот Ј.С. на улица „Христо Татарчев“. Сторителите физички го нападнале и му одзеле пари и златен накит. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега