Скопјанец нападнат во сопствениот дом: Го истепале, па му го земале автомобилот

 

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против 29-годишниот М.Б. и 28-годишниот В.Ѓ., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, казниво по член 258 од Кривичниот законик.

- Пријавените, на 14.01.2020 физички го нападнале 60-годишниот З.С. од Скопје, во неговиот дом, и му го одзеле неговото патничко возило „форд ескорт“. По преземени мерки лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а врз основа на судска наредба бил извршен и претрес во домот на М.Б.. Исто така, било пронајдено и возилото. Во присуство на јавен обвинител било извршено и препознавање на пријавените - информира МВР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега