Скопјанец нападнат од улични кучиња на плоштад

 

Глутница кучиња вчера нападнале скопјанец додека со велосипед се возел на плоштадот Македонија. Едно од кучињата скитници успеало да го касне за нога.

-На 11.08.2018 година  во 10.00 часот во Полициската станица Центар, С.Ф. (67) од Скопје пријавил дека на 10.08.2018 година околу 13.00 часот на Плоштад Македонија, додека управувал велосипед, бил нападнат од повеќе кучиња скитници, при што едно од нив го каснало на левата потколеница, информираат од МВР.

 

 

 

12.08.2018 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа