Скопјанец криел дрога во куќата на својот дедо

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 25-годишник од непознато лице набавил наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 123 грама која ја чувал во куќата на неговиот дедо. Дрогата ја препакувал во 23  помали полиетиленски паковки со намера неовластено да ја продава. При претресот кај него била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега