Вчера во 11:40 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско пријави дека бил измамен од Б.Р. од с.Горна Матка за сума од 338.250 денари.

Според пријавеното, во декември 2025 направиле усмен договор Б.Р. да му изгради куќа за одреден паричен надомест. Како што е пријавено, откако му дал дел од парите, не можел да стапи во контакт со него, по што сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version