Скопјанец измамен на Клиника: Му земал 200 евра за да ја забрза процедурата на лечење, па исчезнал

Вчера 63- годишниот Б.В од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза" бил измамен од непознат сторител.

- Додека чекал со неговата сопруга во Одделот за ортопедија, непознато лице му се претставило како доктор вработен во клиниката и почнал да му објаснува за болеста на неговата сопруга. Лицето му понудило дека може да им помогне да ја забрза процедурата за терапијата, по што на Б.В.  му земало 12.000 денари. Откако лицето ги земало парите не се вратило повеќе- се вели во соопштение од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

17.05.2018 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа