Скопјанец доби кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.К.(46) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад" по чл.230 ст.3 од Кривичниот законик.
„Во текот на февруари 2022 година во Скопје, полициски службеници од Единица за економски и компјутерски криминал и преставници од други надлежни инспекторати извршиле контрола во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини на ул.,,1" во с.Арачиново, при што го затекнале пријавениот како во моментот неовластено тргува со отпад без да е регистриран во Централен регистар на Република Северна Македонија како правно лице и без да поседува Дозвола за вршење на дејност „Складирање и третман на отпад", издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање“, информираат од полицијата.
На тој начин тој го сторил делото кое му се става на товар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа