Скопјанец дивеел во ноќен клуб и се заканувал по живот на тројца обезбедувачи

Рано утринава околу 04.00 часот било пријавено дека пред ноќен клуб на улица „Јордан Мијалков“ во Скопје непознато лице им се заканувало по животот на три лица од агенција за обезбедување, кои го обезбедувале објектот, соопштуваат од МВР.

Неколку минути претходно тие го отстраниле лицето од ноќниот клуб бидејќи превртувал маси и ги вознемирувал гостите.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и го привеле Н.А.(31) од Скопје, По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега