„Скокни, Висар, скокни“ – Татко во автобуската несреќа го изгуби синот - Но се уште не бил известен дека син му починал

Уште една трагична семејна приказна одекна во јавноста, како последица од големата автобуска несреќа која се случи вчера во Бугарија, во која починаа 45 наши сограѓани, а 7мина преживеаја. Ова е најлошата несреќа, во последната деценија во Европа.

Орхан Алити е еден од преживеаните во вчерашната несреќа која се случи во Бугарија. Неговиот брат за „Тетова1“ собра сили да ги раскаже тешките моменти од несреќата.

Орхан заедно со преживеаниот државјанин на Србија, Љуљзим Сулејмани го скршиле задното стакло од автобусот, помагајќи и им на останатите шест лица да спасат жива глава.

Само неколку моменти по фаталната несреќа , Орхан се јавил на сопругата, да раскаже со што се соочил.

Алити пријавил дека автобусот се запалил, додека самиот со голема мака успеал да ги скрши задните стакла на автобусот и да излезе надвор, изјави за Тетовa1 неговиот брат Самет Алити.

Најтрагичниот момент се случил кога, татка си го повикувал синот да скокне од автобусот.

Самиот Орхан, кога скокнал од автобусот, ја скршил својата нога. А, неговиот син Висар се уште бил во автобусот. Орхан почнал да извикува „Скокни, Висар, скокни“. Но, за жал момчето исчезнало во пламенот.

Моментално, состојбата на Орхан е стабилна, а како што изјави брат му, таткото се уште не знаел дека меѓу жртвите бил и неговиот син Висар.

24.11.2021 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега