Скокнаа цените на лековите и медицински услуги – само витамините за Ковид позитивни чинат 100 евра

Во време на пандемија поскапуваат лековите и медицинските услуги во Македонија, јавува Сител.

Заводот за статистика бележи раст на сите производи и услуги поврзани со здравјето на луѓето.

За една година, откако почна пандемијата со Ковид фармацевстките производи поскапеле за 3,3 отсто, а на медицинските и парамедицинските услуги за 4,2%.

Засега промена нема само на болничките услуги.

Според пресметката на Сојузот на синдикатите на Македонија, само за витимани болните од Ковид-19 треба да потрошат по околу 100 евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега