Скок на бројот на новозаразени во Бугарија - се затвораат училиштата, рестораните и трговските центри

Бугарија ќе ги затвори училиштата, рестораните и трговските центри на десет дена почнувајќи од 22 март, како дел од борбата против ширењето на заразата со Ковид-19 што ги наполни болниците, потврди денеска бугарскиот министер за здравство.

Бугарија, која треба да одржи парламентарни избори на 4 април, денеска пријави 4.201 нов случај, со 7.804 лица во болниците, од кои 609 на интензивна нега, пренесува „Ројтерс“.

Во изминатите 24 часа имало 136 смртни случаи поврзани со Ковид-19.

Досега земјата, со седум милиони луѓе, пријавила вкупно 291.769 случаи на коронавирус и 11.715 смртни случаи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2021 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа