Американските акции беа во позитива на почетокот на денешното тргување, поттикнати пред сè од обновениот раст на вредноста на технолошките компании.

Акциониот индекс Dow Jones порасна за 104 поени, или 0,2 проценти, S&P 500 за 0,4 проценти, а Nasdaq за 0,6 проценти, објави CNBC.

Акциите на производителот на електроника AMD скокнаа за повеќе од шест проценти откако извршната директорка Лиса Су изјави дека американската компанија очекува вкупниот пазар за делови и системи за центри за податоци за вештачка интелигенција да достигне 1 трилион долари до 2030 година.

Exit mobile version