Денеска се одржа прес-конеренција на која МОК ги претстви спортистите кои ќе ја претствуваат Македонија на Зимските олимписки игри во Кортина и Милано, а изненадувачки пред новинарите не се појави Мирко Лазарески, кој претходно беше најавен како еден од нашите претставници во Италија.

Наместо Лазарески, на денешната прес-конференција се појави Виктор Петков, без никаква претходна најава.

Според објавените информации на порталот „МКД.мк“, причината за ваквиот пресврт е тоа што Мирко Лазарески наводно паднал на допинг-тест. Засега за случајот нема реакција од МОК или Скијачката федерација на Македонија.

На прес-конференцијата која се одржа денеска, не беа објавени информации на оваа тема.

Exit mobile version