Скенирани девет милиони фискални сметки со „Мој ДДВ"

Од стартот на мерката Мој ДДВ од почетокот на минатиот месец досега се скенира девет милиони фискални сметки, а остварениот промет е околу 4,7 милијарди денари.

-Започна реализацијата на клучната мерка Мој ДДВ со која 15 отсто од платеното ДДВ им се враќа на граѓаните. Со тоа кај секое физичко лице се враќаат до 7.200 денари. Досега скенира се речиси 9 милиони фискални сметки со остварен промет од околу 4,7 милијарди денари. Истовремено растат платите во јавниот сектор,  како и пензиите , а  првпат кадарот во градинките доби покачување од 16 отсто или околу 3.000 денари повисока плата, истакнува директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска при посета на Штип.

Таа посочи дека  првпат државата директно враќа пари назад на сметките на граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2019 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега