Скенирајте фискални - Наскоро очекувајте повторно пари на сметките

Веќе се исплатени парите од првиот квартал за скенираните фискални сметки, а следи и нова исплата веќе следниот месец.

Во февруари ќе се изврши втората исплата за месеците Октомври, Ноември и Декември.

УЈП информираат дека за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат  кај 144.601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155.244.780.00 денари.

За граѓаните кои во апликацијата МојДДВ внеле погрешна трансакциска сметка и направиле корекција, информираат дека исплатата ќе се случи во понатамошниот период. Воедно, апелираат корисниците кои не внеле трансакциска сметка, тоа да го направат, по што ќе следува исплатата на повратот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2020 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега