Скандалозен учебник по Социологија во Македонија: Абортусот е криминал, жена со повеќе партнери е лесна

Родители на ученици во втора година гимназија, кои деновиве го разлистале учебникот по Социологија, останале без текст по дел од написите.

-Она што му дава на женскиот криминал специфични својства е тоа што постојат исклучиво женски ( абортусот и чедоморството), стои на страниците во учебникот, иако можноста за прекинување на бременоста во земјава е дозволена со закон.

Во истата лекција е наведено дека жената која што менува љубовници е лесна жена.

-Најчеста појава предизвикана од несоодветното однесување на поединците во општеството е криминалот. Тој се разликува од другите облици на девијантно однесување затоа што при криминалното однесување се прекршуваат законските норми, што не е случај со другите девијантни појави каде се прекршуваат моралните норми. Така на пример, една жена која има желба често да ги менува своите љубовни партнери, заедницата ја нарекува неморална, лесна жена итн, пишува во учебникот по Социологија.

Автори на учебникот по Социологија за втора година средно образование се Гордана Трајкова – Костовска и академик Димитар Мирчев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега