Регионот е во неверување по веста дека во болницата во Вировитица, Хрватска, жив пациент бил официјално заведен како починат поради неверојатна грешка во идентитетот. Хрватското здружение за промоција на правата на пациентите остро реагираше, нарекувајќи го овој настан „незамислив и неприфатлив во 21 век“.

Грешката настанала при внесување на личните податоци и матичниот број (OIB), по што пациентот бил регистриран под туѓи здравствени информации.

„Ова е најсериозно кршење на достоинството и безбедноста. Постоечките системи не се сигурни, контролите не функционираат, а протоколите за идентификација очигледно не се спроведуваат“, порачаа од Здружението.

Exit mobile version