Скандал ја тресе Италија: Раководители на здравствени институции преку ред вакцинирале пријатели и роднини

Скандал изби во сицилијанскиот град Рагуза затоа што некои од раководителите на локалната здравствена установа им овозможија на нивните роднини, пријатели или локални политичари да ја примат вакцината против ковид-19 преку ред, пренесува Анса.

Откако медиумите пишуваа, започна детална истрага, која утврди дека сите членови на семејството на некои газди, лекари, пријатели, жени, ќерки биле вакцинирани преку ред, а неколку локални градоначалници биле вакцинирани вонредно.

Некои од нив се бранеа, тврдејќи дека биле вакцинирани за да не се фрли содржината на ампулата од вакцината, која веќе била отворена.

"Очигледно е дека постоела организација. Прекршителите ќе бидат дисциплинирани во рамките на институцијата, но има и работа за судот", рече директорот на здравствената установа, Анџело Аликво.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега