„Скај њуз“: Единствена поопасна ситуација од Русија со Путин е Русија без Путин

 

Дописникот на „Скај њуз“ од Москва Овен Метјус тврди дека рускиот претседател Владимир Путин нема да може политички да преживее потенцијален воен пораз на руските сили на бојното поле. Тој смета дека Русите би сметале за воен пораз ситуација во која би биле принудени да ја вратат украинската територија што ја окупираа во 2014 година.

Се чини дека руското незадоволство од војната во Русија расте, а сè почесто се разговара за потенцијалното соборување на Путин. Метјуз предупредува дека потенцијалните алтернативи на Путин всушност може да бидат полоши од сегашниот руски лидер.

„Она што не го сакате, што е уште поопасно од сегашната ситуација, уште поопасно од Путин, е револуционерна ситуација во Русија каде Путин паѓа“, изјави тој за „Скај њуз“.

Тој додава дека во опозицијата на Путин има националисти кои се многу поагресивни од самиот Путин. Метјус живее и работи во Москва повеќе од 25 години, но нагласува дека не може да разбере зошто Путин на прво место одлучил да изврши воена инвазија.

Тој потсетува дека Путин „веќе победи со својата дипломатија за штракање со оружје“ и дека имал голема корист од спроведувањето на таквата стратегија. Тој заклучува дека Путин веројатно мислел дека брзо ќе го урне украинскиот режим во Киев и затоа не се подготвувал за долготрајна војна.

22.11.2022 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега