СЈО ќе може кривично да ги гони претседателот, амбасадори и функционери

Специјалниот јавен обвинител ќе може кривично да ги гони претседателот на државата, амбасадори и други претставници на државата во странство, предвидува предлог-законот за специјалното јавно обвинителство, објавен на ЕНЕР, пренесе Макфакс.

Шефот на СЈО го избира Советот на јавните обвинители за време од пет години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор. Во предлогот пишува дека јавните обвинители во СЈО по објавен оглас по предлог на специјалниот јавен обвинител ги избира Советот на јавните обвинители од редот на избраните јавни обвинители на неопределено време. 

СЈО ќе може да гони кривични дела што ги извршиле претседателот на државата, поставените амбасадори и други претставници на државата во странство и именувани лица од претседателот на државата, избрани или именувани функционери во и од Собранието, во и од Владата, во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители, избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа и Град Скопје и одговорни лица во политички партии против изборите и гласањето; животната средина и природата; културното наследство и природните реткости; јавни финансии, платен промет и стопанство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2018 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега