Сител сторија: Без вода и струја, во една соба со болно дете живее семејство од Скопје

 

Без струја и вода, во една соба која протекува и при најмал дожд со тешко болно дете. Вака со години живее четиричленото семејство Саитови во Скопско Маџари- пренесе ТВ Сител.

Единствен редовен приход им се 4.300 денари месечно кои ги добиваат од државата за 13 годишната Сара која е родена со церебрална парализа, но тие пари ги даваат за кирија бидејќи и овој скромен дом не е нивен. Немаат пари за храна, ниту за лекови и пелени за болното девојче.

-Кучиња не живеат вака како што живееме ние. Во 21 век ова живот не е, изјави Агим Саитов, од Скопје.

Скромното семејство ќе јаде само ако Агим заедно со синот ги продадат пластичните шишиња кои ги собираат од контејнерите. Но, вели дека се случувало и со денови ништо да не заработат.

-И гладни и боси и без јадење сме спиеле. Повеќе без јадење одошто со јадење и студено без дрва и пластика сум горел само да се стопли детето, вели Агим Саитов.

Неговата сопруга неможе да работи ништо бидејќи постојано мора да биде покрај парализираното дете.

-Јас не работам и да најдам работа неможам да работам имам инвалидно дете и нема кој да се гризи за него. Јас цело време со нејзе сум и се грижам за детето, облекување, соблекување, изјави Сајма Саитова од Скопје.

Саитови бараат помош од државата за пристоен живот.

-Би апелирал до г-ѓа Мила Царовска да ја гледа состојбата каде живееме и што живееме, апелираше Агим Саитов.

Скромното семејство кое под кирија живее веднаш до киното во населбата Маџари бара помош и од сите хумани граѓани за да може болното дете да расте барем во малку подобри услови.

 

 

 

12.03.2018 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа