Сите зборуваа за нејзиниот настап - претставничката на Евровизија едвај избегнала ампутирање на ногата

Кејт Милер Хајдке, австралиската претставничка на Евровизија на многумина им заличи на Елза од долгометражниот анимиран филм „Ледено кралство“.

Таа имаше магичен настап, но пред да дојде во Тел Авив преживеала вистински пекол, што за малку ќе ја спречело да учествува на натпреварот.

Пред самата Евровизија ногата ѝ се инфицирала поради жуљ кој пукнал и една од опциите била ампутирање на нога, ако ситуацијата не се поправи.

За среќа, Кејт успеала да го надмине проблемот и да се појави на престижниот натпревар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега