„Сите викаа, пискаа, кога се разбудив бев падната на земја...толку“ - проговоре најмладата преживеана во фаталната несреќа

За ТВ Алсат, проговоре најмладата преживеана во фаталната несреќа во Бугарија, која има 16 години. Оваа автобуска несреќа е најголема во последната деценија во цела Европа.

Младата девојка, кажа дека се обидувала да го скрши прозорецот. Нешто паметела, но нешто не.

Како се чувствуваш дали памтиш нешто?

Нешто памтам, но повеќето не…од тој случај и така.

Во која седиште беше?

Јас бев нај назад.

Како успеа да излезеш?

Колку што памтам, јас спиев, и кога се разбудив, сите викаа, пискаа, сакав да го земам тоа за кршење, но не успеав, и со рака пробав и потоа не памтам кога се разбудив бев падната на земја…толку“, изјави најмладата преживеана во фаталната несреќа.

Автобуската експлозија, однесе 45 животи на македонски државјани. 

24.11.2021 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега