Албанскиот премиер Еди Рама објави дека од 1 јануари 2026 година, минималната плата во земјата ќе се зголеми на 500 евра.
Во видео порака објавена на социјалните мрежи, Рама истакна дека ова покачување ќе се однесува на 307.850 вработени, кои ќе го добијат новиот износ. Тој додаде дека ова е првото, но не и единственото покачување во текот на овој мандат, кога минималната плата ќе достигне 700 евра.
Премиерот исто така најави дека владата ќе ги субвенционира и дополнителните трошоци за осигурување на вработените во приватниот сектор со 90 милиони евра за период од 9 месеци.
– „Вака кажано, ова сум јас и ова сме ние. Јас велам и ние го кажуваме она што го правиме и го правиме она што го кажуваме. Извонредна доверба што ни ја дадовте е извонредна привилегија“, изјави Рама.
Албанија моментално има најниска бруто минимална плата во регионов и во Европа, која изнесува 408 евра.

