„Сите сакаат да ме однесат во кревет“: Ќерката на познатата актерка се шета полугола и пијана

Маја Хоук, најстарата ќерка на Итан Хоук и Ума Турман, предизвика збрка на снимањето на филмот „Mainstream“.

Младата глумица се шеташе завиткана само со пешкир и призна дека е и многу пијана.

Очигледно младата 21-годишна глумица знае како да ги испромовира своите филмови. Маја одлучи да ги почести своите пријатели на Инстаргам со снимка од снимањето на филмот „Mainstream“. А тоа го направи завиткана само со пешкир што го придржуваше.

„Добре дојдовте во животот на филмската ѕвезда“, зборува Маја.

„Ако некогаш сте се прашувале како е да се биде познат, еве, повелете. Гледајте. Сè е многу гламурозно и секси, сите сакаат да ве однесат во кревет. Никогаш ништо не плаќам. Е, да, малку сум пијана“, рекла на крајот на снимката Маја.

Видеото дигна многу прашина, ама Маја го постигна тоа што го сака. Сега сите зборуваат за нејзиниот филм.

Сепак, иако се труди на сите полиња, оваа сестрана девојка сè уште е во сенка на родителите, кои не се огласија по провокативната снимка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега