Сите ѝ се смеат Ким Кардашијан откако ги наведе причините за разводот од Канје Вест

Светски познатата старлета Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг, раперот Канје Вест, решија да му стават крај на бракот, за што се шпекулираше, а сега е потврдено и откако странските медиуми објавија дека Ким поднела барање за развод.

Минатата недела медиумите во Лос Анџелес објавија дека старлетата била таа што поднела барање до Врховниот суд, но не беа познати деталите. Сега, во медиумите се појавија причините коишто Ким ги наведува како причина за разводот, а тоа се: употреба на сомнителни супстанции, среброубие и ни помалку ни повеќе туку – баналност.

Целата ситуација околу разводот стана крајно смешна за американската јавност по објавувањето на причините за разводот на Ким.

Не се знае точно кои ситуации ја натераа Кардашијан да ја наведе баналноста како причина да се разведе од раперот, но корисниците на Твитер многу се забавуваа поради тоа.

„Ким Кардашијан – жената која виде баналност во Канје Вест“, „Тоа што Ким Кардашијан се разведува од некого поради баналност е иронија“, „Можеш да го обвиниш Канје Вест за сè, но за баналност? Жал ми е, но Ким мора да купи речник и да се погледне во огледало “, „Ја сакам книгата „Баналноста на Канје Вест“ на авторката Ким Кардашијан“, се само дел од коментарите што се најдоа на социјалната мрежа Твитер. Твитерашите ја исмејуваат со денови старлетата.

Сепак, иако толпа корисници на социјалните мрежи го осудуваат ова, имаше и такви кои застанаа на страната на Канје и кои се убедени дека тоа ќе биде причина за неговиот најмоќен албум.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа