Вчера во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода К.В.(32) од Тетово.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 32-годишниот К.В. бил уапсен поради основи на сомнение дека со закана со нож се обидел да изврши кривично дело „разбојништво“, истиот ден во 11:05 часот во казино во Тетово.

Извршен бил и претрес кај лицето, а по извршеното алкотестирање кај него било констатирано присуство на 2,49 промили алкохол во крвта.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version