Сите дојави за бомби се лажни

Сите дојави за поставени бомби во две основни и осум средни училишта во Скопје се лажни. МВР соопшти дека направени се сите потребни проверки.

-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата на територија на Скопје кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.

Денеска, првичната информација од МВР беше дека пристигнала дојава за бомби во осум средни училишта, а потоа од Министерството потврдија дека имало дојава и за едно основно училиште.

Од МВР не наведоа за кое училиште станува збор, но набргу потоа од Општина Карпош објавија дека дојава пристигнала во нивното основно училиште „Петар Поп Арсов во Карпош 4.

Со потврдата и од Општина Центар, за дојава во основното „Кочо Рацин“ тоа би значело дека покрај средните, дојави имало во две основни школи во Скопје.

01.12.2022 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега