Сиромашна самохрана мајка по грешка добила 14 милиони долари на лотарија

 

Самохрана мајка на четири синови во Калифорнија успеала од еден долар, даден по грешка, да го претвори во добивка на лотарија вредна 14 милиони долари. Туан Ли од Санта Ана во Калифорнија заминала во локалната продацница да купи тикет вреден четири долари за „Pauerbol“ лотарија и „Super loto plus“ вреден еден долар, како што прави секоја недела. Но, наместо да уфрли пет долари во машината за чипови, уфрлила шест. Со таа грешка и уфрлениот долар, Ли купила уште еден тикет за „Super loto plus“ кој следниот ден ја направил милионерка.  

По дознавањето и првиот шок, маклата отишла во претставништвото во Лотаријата во Калифорнија за да ја потврди добивката. Таа не сакала да се објават нејзини слики ниту пак да дава никакви информации. Таа планира својата награда да ја искористи за купување на куќа, да патува и да ги посети родителите во Виетнам. Продавачот во продавницата од каде што го набавила тикетот, ќе добие 70,000 долари. 

 

 

најчитано сега