Два случаи на семејно насилство се пријавени во СВР Скопје, при што полицијата постапувала по пријави за физички напади врз мајки.
На 4 август во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Н. (22) од скопско, по претходна пријава дека истиот ден околу 21:00 часот во домот физички ја нападнал неговата 55-годишна мајка.
Истиот ден во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Полициската станица Драчево извршиле службен разговор со М.А. (42) од Скопје, по пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 73-годишна мајка.
Од СВР Скопје информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.


