Актерот Александар Михајловски, син на Тони Михајловски, во подкастот на Стефан Лазаров искрено говори за периодот кога алкохолот и дрогата му станале секојдневие, со последици по менталното здравје и кариерата. Раскажува дека ноќните излегувања и непроспиените ноќи го турнале во тепачки и дури во ситуација кога бил повреден со нож, по што сфатил дека мора да направи пресврт.

Според неговите зборови, одлуката да почне да трча и да се посвети на спорт му помогнала да се извлече од пороците. Денес тврди дека неколку години не консумира алкохол и наркотични супстанци и испраќа порака до младите дека „тоа е погрешен пат“ и дека дисциплината е единственото решение.

„  Сум го живеел тој живот, јако. Ова го кажувам како лош пример, не како нешто со што се гордеам.  Менталното здравје ми беше на најниско ниво во еден период. Ја имав забаталено мојата кариера.

Побитно ми беше да заглавам до 5 саат сабајле со тањирот и со пиење и со сите сра*а и сабајле да станам и да бидам тотално непрофесионален. Сум има сериозни ноќи непреспиени. Тоа ми било најбитно, брат. И ништо не ми било свето. Многу е зае*ано тоа брат, дисциплината е спасот, тоа алкохолот и дрогите е живо с*ање.“ – вели тој

Exit mobile version