Синот на моќниот шеик починал од кокаин: Се дрогирал со мистериозниот Ескобар, чистачката затекнала страшна глетка

Модниот дизајнер шеикот Халид ал Касими, син на моќниот емир Султан бин Мухамед, починал во својот луксузен стан во Лондон поради претерано конзумирање на „силен“ кокаин и дрога ГХБ со други мажи, откриено е на судското сослушување.

39-годишниот Шеик, Халид бил пронајден мртов на 1. јули оваа година во апартман вреден осум милиони фу нти во западниот дел на британската престолнина.

Тој бил принц на Обединетите Арапски Емирати, сопственик на британската модна линија Касими и син на владететло Сарџах, а неговото тело го пронашла чистачката Марија Кисаохањан.

Марија работела за шеикот неколку години, пет часа дневно од понеделник до петок. На сослушувањето рекла дека влегла во станот со свој клуч, а потоа го здогледала Халид како лежи на подот покрај каучот.

Прво помислила дека спие, а кога го допрела неговиот врат сфатила дека нешто не е во ред.

„Устата му беше оторена, очите полуотворени, но не хрчеше“, навела Марија, додавајчи дека тоа било необично, затоа што инаку хрчел.

Мислела дека ќе се разбуди и одлучила да провери дали е добро, па му го допрела вратот. Бил студен. Марија веднаш го повикала домарот.

На сослушувањето исто така било наведено дека шеикот ги поминал последните часови од животот со Јохан Ескобар, но не е разјаснета нивната врска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега