Синот на Гордана Силјановска свири кавал во парк - Силјановска обвинува за црна кампања

Гордана Силјановска Давкова, кандидатот на претседател на Македонија, се огласи на Фејсбук и побара нејзиниот син да го остават на мир и да не го злоупотребуваат во политичката кампања, откако на социјалните мрежи се појави фотографија како во парк свири на кавал и собира добротворен прилог. Во опис на фотографијата која беше објавена на Твитер, од синот на професорката пишува: „Го раѓаш, го растеш, го чуваш за да порасне и свири кавал за парички во парк, додека ти се тркаш за претседателска фотеља. Во одговор Силјановска-Давкова вели:

„Зарем некој како мене кој бара укинување на привилегиите на политичарите, расипништвото и корупцијата ќе има семејство кое ужива во скапи коли, мотори, луксуз?! Горда на Павле! Брилијантен правник, умен, скромен, независен, воспитан, човечен“.

Таа реагираше и на својот Фејсбук профил:

“Како граѓанин и уште повеќе како професор, уште пред да влезам во претседателската трка, знаев дека кампањата ќе биде валкана. Знам дека за политичките страсти понекогаш нема ни врв ни дно; свесна бев дека со стапување на политичката сцена на удар ќе бидам изложена не само јас, туку и моето семејство.

Хајката од вчера продолжува со удари врз децата. Ова не е првпат да ми се случи она „да ја дискредитираме Сиљаница, ако треба и со удирање по децата“.

Издржав тогаш, ќе издржам и сега – но, нема да паднам ниско да враќам на ист начин.

Се натпреваруваме како личности, но и со програми, да ги оставиме децата на мир, и нашите и туѓите“, напиша таа.

Адвокатот Јанаки Митровски реагира на нападот врз професорката Силјановска преку нејзиниот син.

„Кој ми го р’чкал Пајо? Павле Силјановски е еден од најдобрите и најемпатични ликови што ги знам. Одамна го неам видено, дечкото е мед. Предобар и предругар. Да, изгледа троа неконвенционално и свири кавал од ќеиф, не за „парички” како што сакаат да го навредат. А и што е навредливо и да свири за пари”, пишува адвокатот Митровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2019 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега