Симпатизер на Трамп нападна снимател, а вака изреагитра претседателот (видео)

Симпатизер на американскиот претседател Доналд Трамп го нападна камерманот на британскиот јавен сервис Би-би-си Рон Скеанс на митинг во Ел Пасо во Тексас.

Носејќи капа со слоганот на Трамповата политика „Да ја направиме Америка повторно голема“, напаѓачот ги пцуел и другите новинарски екипи кои биле таму пред да биде исфрлен.

Туркањето, според Скеанс, дошло од неговиот мртов агол. „Не знаев што ќе се случи“, изјави тој.

Претставник на кампањата на Трамп тврди дека напаѓачот бил пијан.

Претседателот Трамп го видел нападот и со гестикулација со кренати палци се обидел да праша дали е сѐ во ред. Скеанс со истиот гест му одговорил дека е во ред.

Од самиот почеток на својот мандат Трамп е во непријателски односи со медиумите, кои ги нарекува непријатели на народот, а вестите што не му одговараат нему и на неговата политика ги нарекува лажни вести.

„Ова беше исклучително насилен напад“, изјави Гери О’Донахју, дописник од Вашингтон. Тој истакнува и дека митинзите на Трамп станале вечна борба меѓу поддржувачите на Трамп и медиумите.

Американскиот претседател Трамп одржа митинг во Ел Пасо, град на границата со Мексико, на која тој сака да изгради ѕид, пишува Би-би-си.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега