Симовски: Повеќе од половина попишувачи се вакцинирани

„Од здравствен аспект пописот ќе биде безбеден како да влезете во продавница да купувате намирници“, истакна директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во интервју за Сител телевизија. Тој кажа дека по домаќинствата нема да одат триесет луѓе за да создаваат кластери, туку дека оди еден попишувач кој ќе ги почитува сите протоколи, ќе носи маска и средство за дезинфекција.

-Законски немаме право да ги лимитираме попишувачите со вакцинација. Сепак поставуваме такво прашање заради информација, а повеќе од половина од пријавените се вакцинирани, а останатите кои не се, имаат волја да се вакцинираат, рече Симовски.

За оние кои не се вакцинирани, а сакаат тоа да го сторат, првиот човек на Заводот кажа дека во соработка со здравствените власти ќе им обезбедат можност за вакцинација. Тој воедно изрази надеж дека новиот бран од пандемијата ќе биде пократок и полесен од последниот, во март и април, кога првично беше закажан пописот.

12.08.2021 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега