Симовски: Оние кои упорно одбиваат да се попишат ќе сносат санкции

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во емисијата „24 Анализа“ потенцираше дека добиените податоци од пописот се користат исклучиво за статистички цели и ниту една институција нема пристап до нив. Во врска со отпорот кон попсот, Симовски вели дека критичната маса која е против пописот е минорна.

- Во најголемиот дел од домаќинствата во дополнителен разговор прифаќаат да се попишат. Многу се ретки случајите каде некој одбива да се попише. Ќе одиме и понатаму да разговараме со лицата кои одбиваат да се попишат, но ние ќе одиме на разговори, иак во законт има членови кои ни даваат за право да спроведеме дуруги мерки, но ние оставаме простор за убедување. Тие кои упорно одбиваат да се попишат, ќе сносат санкции согласно законот. Ова не го правиме за никого, туку за нив.- рече Симовски.

Истакна  дека тоа се прекршочни казни од 300 евра во денарска протвредност.

14.09.2021 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега