Симовски: Над 10 илјади луѓе се самопопишаа за 24 часа

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во изјава за МКД.мк вели дека за 24 часа попишани се над 10 илјади луѓе и системот функционира добро.

-Малите неправилност забележани во првите часови се отстранети и сѐ е решене, вели Симовски за порталот.

Претходно тој во изјава за „Плусинфо“ рече дека ќе се покрене кривична постапка за секој што ќе се обиде да го изманипулира системот.

Ова доаѓа откако изутрината неколку програмери посочија дека во системот многу лесно може да се влезе преку користење „VPN“ со што секој кој е во Македонија може да се попише како да живее во странство.

– Кривична постапка ќе биде покрената за сите што се обидуваат да приложат лажни податоци во системот. Според член 9 во Законот за попис јасно пишува дека секој оној што ќе уништи, прикрие, оштети или на друг начин ќе стори да бидат неупотребувани внесените податоци во пописната апликација, ќе се казни со затворска казна од најмалку три години. Ги прочитав предупредувањата од програмерите, но можам само да кажам дека лажни податоци во системот не можат да бидат внесени. Некој може да се регистрира и да мисли дека внесол лажни податоци, но всушност самиот систем ќе покаже дека податоците не се веродостојни. Таквите случаи ќе ги регистрираме, бидејќи станува збор за намерен упад во апликацијатавели Симовски за „Плусинфо“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа