Симоновски: Од паркирани автомобили не можевме да стасаме до зградата во Кисела Вода

Првиот човек на скопската Противпожарна бригада вели дека потешкотии да пристигнат до зградата во Кисела Вода во која избувна пожар имале поради некои возила кои и покрај противпожарната сирена не реагирале, но и поради паркираните автомобили до зградата каде требало да интервенираат, објави Канал5.

Огнената стихија зафати три стана, а при гаснењето повредени беа тројца полицајци. Поради гушење и потешкотии со дишењето поради чадот на скопската Универзитетска клиника за токсикологија беа хоспитализирани 11 лица. 

Спој во електричната инсталација е најверојатно причината за вчерашниот пожар.Сепак официјално која е причината се уште не се потврдува со оглед на тоа што како што информираат од МВР и Обвинителството денеска се уште се прави увидот во опжарените станови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега