Силното невреме сруши плафон во Куманово - силниот дожд направи штети

 

Силно невреме вчера го зафати Куманово. Пороен дожд, ветер и град со големина на лешник кој десет минути паѓаше од небото, направија вистиснки хаос.

Како што пишува кумановскиот портал Кумановоњуз, вчера од невремето кое беснееше паднал плафон на аптека на улицата „Гоце Делчев“.

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи(РЦУК), прво дошло до протекување на кровната конструкција, по што паднал плафонот. Повредени во настанот за среќа нема.

 

 

 

 

13.03.2018 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа