Невреме проследено со силен ветер и  синоќа нешто по 20 часот го зафати Кочани и регионот. На повеќе локации во градот предизвикани се проблеми во сообраќајот и во нормалното движење на луѓето.  

Делови од градот беа без електрична енергија. Сообраќајот на магистралниот пат  Кочани–Штип беше во прекин поради наноси и паднати дрвја на коловозот.

Блокирани беа неколку патни правци околу Кочани. Стопиран сообраќајот на излезот од градот кон Виница,  поради срушени стебло од дрво и гранки непосредно после СОУ ” Гошо Викентиев”.

 Исто така, булеварот „Тодосија Пунов“ во Кочани беше непрооден поради  големи количини вода.

Екипи на ТППЕ и полицијата излегоа на терен и ги преземаа неопходните активности. 

Искршени стебла и гранки можеше да се забележуваат на повеќе локации во Кочани

Exit mobile version