Силно невреме го погоди и Тетово - пожарникарите ги отстрануваат паднатите дрва

Тетовските пожарникари и вработените во „Македонија Пат“ интервенираа во отстранување на паднати дрвја врз коловозните ленти на излезот од градот кон Гостивар во текот на раните утрински часови. До паѓање на дрвјата дојде поради невремето кое утринава во Тетово со силен ветер и интензивен дожд.

– По силното невреме со дожд и силен ветер што го зафати тетовскиот регион, патот Тетово-Гостивар, на излез од Тетово беше блокиран поради големи паднати дрвја. Екипи од Теритотијалната противпожарна единица и „Македонија пат“ ги сечеа дрвјата и ги острануваа од коловозните ленти за да може непречено да се одвива сообраќајот, изјави Ука Алити, командант на тетовскатта пожарна.

Пожарникарите вчера гасеа голем пожар на отворено на другата страна од градот долж стариот пат за Скопје и во правец на Желино.

18.09.2021 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега