Силно невреме доаѓа кон Скопје - УХМР информира до кога ќе врне

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локален пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со краткотрајно засилување на ветерот и можна појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени.

Времето за Скопје: Попладне нестабилно со повремено пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

 До вторник претежно во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Од среда следи период на стабилно и суво време.

                                                                                                                                 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2019 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега