Силната експлозија го прекина интервјуто на новинарката, но камерата прдолжи да снима: Во позадина се слушаше лелекање (ВИДЕО)

Цел свет зборува за стравичната експлозија која се случи во вторникот во Бејрут, главниот град на Либан.

Истрагата за експлозијата е во тек, а засега е познато дека се починати најмалку 135 лица, додека повеќе од 5.000 се повредени.

Дел од градот е сосема уништен, пристаништето е срамнето со земја, а спасувачите пребаруваат под рушевините и трагаат по преживеаните. Се стравува дека бројот на жртви ќе продолжи да расте.

Овој немил настан го шокираше светот, а снимките од катастрофата продолжуваат да кружат по социјалните мрежи.

На социјалните мрежи се појави и снимка во која експлозијата прекинала интервју на новинарката на „BBC“, Марјем Тауоми.

Таа разговарала со соговорникот преку видео повик, во моментот кога се случила стравичната експлозија. Кога дошло до ударот, камерата на новинарката се превртела.

Во позадина на снимката може да се слушнат лелекања од женско лице, бидејќи камерата продолжила да снима после експлозијата. Светските медиуми објавиле дека ударот од експлозијата ја 'срушил' новинарката, но дека таа сега е добро и на безбедно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега