Силна експлозија во Нови Сад, блокиран речиси целиот град

Силна експлозија се случила вечерва околу 19 часот во Нови Сад, јавуваат српските медиуми.

Според досегашните информации, под џип била поставена експлозивна направата.

Од експлозијата на бомбата автомобилот марка „порше“ одлетал во воздух, а моментно сообраќајот речиси во целиот град е блокиран.

Бомбата била подметната под автомобилот на паркинг во непосредна близина на основно училиште.

Во индидентот повреден е еден маж, но не е во животозагрозувачка состојба.

Според српските медиуми, станува збор за Слободан Милутиновиќ – Снајпер (34), кој од претходно и е познат на српската полиција.

Од силината на експлозијата испукале прозорците во околните згради.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2020 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега