Силна бура беснее низ регионов - жена се обидувала да исплива од водата, но брановите ја однеле

 

Силна бура која денеска го зафати целото хрватско крајбрежје доведе до големи проблеми во снабдувањето со електрична енергија, одвивање на копнен, поморски и воздушен сообраќај, а во неззгода се нашле и тројца сурфери на Брач.

Кога бурата ги однела на отворено море, покрената била акција за спасување.

Двајца сурфери се спасени, а поради влошувањето на временските услови прекината е потрагата за третатаа сурферка. Станува збор за 25-годишна Мексинка.

Последен пат била видена на 200 метри од Болското крајбрежје, каде се обидувала да исплива до брегот поради што ја испуштила даската за сурфање, но поради силниот ветер, очевидците ја изгубиле од вид.

 

 

 

24.09.2018 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега