Силјановска: Жалам што Стево ја откажа дебатата, ќе научеше нешто за ЕУ

Кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска-Давкова на нејзиниот профил на „Твитер“ напиша дека жали што нејзиниот противкандидат, Стево Пендаровски го откажал учеството на дебатата на „Телма“.

„Навистина жалам што Стево ја откажа дебатата планирана за денес на „Телма“. А можеше да научи нешто за ЕУ“, напиша Сиљановска на „Твитер“.

 

Од друга страна, од штабот на Пендаровски истакнаа дека Силјановска лаже за дебатата.

- Ваквите невистини не можат да ја покријат Сиљановска од нејзиното реално и вистинско бегање од „Жешко столче“ на истиот медиум. Во очекување на официјален демант од споменатиот медиум за невистините на Сиљановска, во прилог ja доставуваме писмената покана, во којашто јасно се наведени неколку термини за одржување на телевизиското соочување кое се уште не е закажано, велат од Заедно напред, Штабот на Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2019 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега